Две кражби во скопско Батинци
Во Полициската станица во Драчево, на 10. овој месец е пријавено дека на 09/10.02.2016 година во ОУ„Алија Авдовиќ“ во село Батинци, од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба на тој начин што најпрво со погоден предмет сторителот или сторителите делувале на еден од прозорите, влегле внатре, а потоа го отвориле шкафот од каде одзеле 38 лаптоп компјутери, по што го напуштиле местото на настанот стекнувајќи со противправна имотна корист од околу 190.000 денари.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот
Завчера во ПС„Драчево“, И.И.(61) од скопското село Батинци пријавил дека во временскиот период од 09 до 11.02.2016 година од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба во неговата куќа на тој начин што откако се качил на терасата, ја отворил балконската врата, влегол внатре извршил пребарување и одзел пари, околу 5.500 евра, четири златни прстени и четири златни алки, по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 420.000 денари.
МВР превзема мерки за целосно расчистување и на овој случај.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор