Македонија
13. November 2015 - 19:21

Две децении СДСМ контра државните интереси

Не стивнува идејата за федерализација кај СДСМ и медиумите финансирани од нив. Изминатиов период јавноста слушна многу од скандалозната колумна на уредникот на Плус Инфо Геровски каде не застана по текстот за федерална држава туку продолжи со потценување на бранителите кои му се спротиставија.

Претходно тезата ја развиваше и Заев кој повика на рекомпонирање на  рамковниот договор и официјализирање на албанскиот јазик како втор службен јазик во целата Република со задолжително изучување во училиштата. Во меѓувреме и Фрчковски предложи Македонија да има албанец  за премиер.

Според експерти во политиката, ако се свртиме назад, историски СДСМ и луѓето кои 20 години се во истата партија  и ги прават истите чекори, може да се забележи игра со која партијата постојано иде во спротивност со интересите на државата. Од самото формирање на државата СДСМ беше партија која до крај немаше прецизен став за независноста.

Покрај криминалиите и шверцот кој се случуваа во транзицијата, СДСМ ја договори и референцата БЈРМ која сеуште се провлекува, прифати промена на уставот што значеше и промена на државното знаме. Оваа партија заедно со Верушевски пред воениот конфликт во 2001та го ослабна безбедносниот систем откривајќи во јавноста  разговори и комуникации.неколку години подоцна договори децентрализација и териоторијална поделба која доведе до масовно иселување на населението, слабеење на општините и етнички поделби.

Го бојкотираа референдумот под мотото некои прашања не заслужуваат одговор. Не случајно СДСМ и Заев се најпосакуваната страна за партнер во преговорите од грчките политичари. Познато е дека сите грчки јавни чличности се согласни дека Груевски е непопустлив за прашањето за идентитетот, а според истите СДСМ се многу пофлексибилни. Познат е и ставот на СДСМ во однос на дијаспората. Станува збор за многу подлабока игра коментираат експертите.

Јасно е зотшо албанскиот фактор мудро молчи и остава практично СДСМ да ги реализира нивните политики. ДОказ дека СДСМ тоа успешно го одработува е неодамнешниот митинг на партијата, каде се вееја знамиња на голема албанија, селфито на Заев во Диво Насеље, учеството на Шеќеринска во документарец заедно со команданти на УЧК каде исто се вееше знамето на голема албанија.

Последниот чекор од оваа игра беше одземањето на ингеренциите на безбедносните служби од страна на техничкиот министер за внатрешни работи Спасовски кој е генерален секретар на СДСМ . СПоред познавачите во областа ова е неслучаен чекор со кој се ослабува безбедносниот систем и е доволна причина за голема загриженост.