Бизнис
31. May 2016 - 19:35

Две австриски компании заинтересирани за инвестирање во Македонија

Две австриски компании заинтересирани да инвестираат во земјава. Едната е од осигурителниот сектор, а другата ќе отвори Регионален центар за услуги. И двете компании се од услужниот сектор, затоа капацитетите ќе ги градат  надвор од зоните. Компаниите претежно ќе вработуваат административни работници.

- И покрај актуелната политичка состојба во Македонија, австриските компании се заинтересирани за економска соработка и изнаоѓање деловни партнери тука. Доказ за тоа е претстојниот бизнис форум што ќе се одржи идната недела во Скопје, на кој доаѓа досега најбројна австриска деловна делегација, составена од претставници на девет фирми, истакна Шлатл на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија.

Трговската размена со австријците бележи благ пад, со  оглед на негативниот биланс  од 17 милиони долари во првите три месеци годинава. За интензивирање на соработката на 7ми јуни  ќе се одржи австриско-македонски бизнис форум. Компаниите се од различни области како пререботка на дрво, производство на алати, машини и опрема како и компании од фармацевтската индустрија. Од комората ги повикаа сите заинтересирани домашни компании да земат учество на настанот.

-Вкупната трговска размена меѓу Македонија и Австрија во првите три месеци од 2016 година е 39,86 милиони долари што претставува раст од 10 отсто споредено со истиот период во 2015. Извозот е 11 милиони долари или 51 отсто повеќе, 

Македонските компании во Австрија најмногу извезуваат текстил и метални производи, а најмногу се увезуваат прехранбени производи и производи  од фармацевтската индустрија. Австрија од 14ти трговски партнер на Македонија лани, сега е на 16то место.