Бизнис
12. October 2015 - 17:53

Две американски компании најавиле инвестиции за ноември - Околу 2000 работни места

Две големи американски компании ќе инветсираат во Македонија.  Во синоќешното интревју за Сител, премиерот Грувески најави дека во текот на ноемрнви двете компании ќе објават дека влегуваат во земјава. Тие ќе вработат 2000 луѓе.

Зоните низ земјава се вистинско градилиште. Во речиси сите градови се градат нови фабрики. Во Бунарџик, покрај постоечките се најавуваат нови инветсиции, веќе наредниот месец Технохозе ќе ја отвори втората фабрика за 150 работници. Маркард во Велес која мината недела почна со производтсво, купи уште еден плац. Фабрики се градат во Прилеп, каде Гентерм ќе вработи 2000 лица, ОДВ во Охрид со 1000 вработувања, наредниот месец ќе биде потпишан договорот со гермнаски Костал кој ќе почне со браунфилд инветсиција, а потоа ќе гради нова фабрика за 1000 работници во охридско – струшката зона. Во Кичево фабрика за 1000 нови работни места гради КСС, Леар во тетовско ќе вработи 3000 лица. Фабриката на Кондево се гради во Штип и ќе отвори 600 работни места, Амфенол во Кочани има во план да вработи 2000 лица. 

Од почетокот на годината досега, вели премиерот во земјава има нови 19.000 вработени. Од нив 5.800 се работни места што ги отвориле странските компании, 7150 се преку прокетое Макеоднија вработува, а остнатите се преку другите активни мерки на Владата за намалување на невработеноста. Очекувањата се дека до крајот на оваа година во земјава ќе има вкупно 24.000 нови работни места. Тоа ќе доведе до натамошно намалување на невработеноста. Во моментов таа е на историски најниското ниво, изнесува 26,8%. Пред десет години изнесуваше 38%.