Свет
30. March 2017 - 9:01

Дванаесет загинати во директен судар меѓу камион и мал автобус во Тексас

Дванаесет лица загинаа, а тројца се повредени во директен судар меѓу минибус и камион на автопат во јужната американска држава Тексас, пренесоа американските меидуми, повикувајќи се на локалните власти. 

Во автобусот патувале 14 верници од локалната баптистичка црква, кои се враќале од тридневната посета на еден баптистички центар.

Во камионот бил само возачот. Засега не е познато дали и тој е меѓу загинатите.

Тешката сообраќајна несреќа се случила на околу 120 киломтри западно од градот Сан Антонио.

Тројцата повредени патници биле сместени во болница. 

Причините за несреќата се иште се истражуваат.