Македонија
18. January 2018 - 9:51

Дванаесет сообраќајки во Скопје, две лица повредени

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје две лица се полесно повредени во две од вкупно 12 сообраќајки. Во 10 од нив била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци.

Осум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи поминале на крстосница на црвено светло и двајца возачи не дале првенство на минување на пешаци.

Од сообраќај биле исклучени еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол, 12 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи почетници, како и 11 нерегистрирани возила. Санкционирани биле и четвоцира пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 49 непрописно паркирани возила.