Македонија
1. May 2016 - 17:21

Дванаесет илјади гости за продолжениот празничен викенд во Дојран

Продолжениот празничен викенд го наполни Дојран со туристи. До последното место полни се и угостителските објекти, но и викенд куќите. Бројките на локалната самоуправа велат дека во моментов во овој туристички центар престојуваат околу 12 000 гости. Најголемиот дел од нив се домашни, но има и странски туристи претежно од Србија и Грција.

,, Уште пред самиот викенд Дојран веќе беше резервиран. Сите капацитети беа пополнети и се надеваме дека оваа бројка овие денови, денеска и во текот на утрешниот дек ќе се зголеми. За разлика од минатите години оваа година за Дојран има поголем интерес така да туристите покажуваат поголем интерес не само за самиот празник да дојдат во Дојран туку и за време на летните одмори.,, вели Перо Митановски – општина Дојран

Гостите задоволни од понудата, велат го одбрале Дојран пред се поради убавото езеро и чистиот воздух.

,, Со оглед на времето одлично си поминуваме, се забавуваме со пријатни луѓе, добро друштво, секогаш е убаво.,, вели еден о туристите.

,, Дојран е дел од мене, дел од моето детство, дел од мојата младост, дел од мојата сегашност и се надевам дел од мојата иднина. Ова е Дојран кој го паметам, малку разубавен, малку проширен,  но сепак оној истиот со исти шмек, иста убавина, иста атмосфера и се надевам дека така ќе биде и понатаму.,, вели друг турист

Сите домашни но и странски гости кои велигденските и првомајските празници оваа година одлучија да ги поминат во Дојран покрај тоа што уживаат  во убавото езеро и богатата понуда на дојрански специјалитети имаа можност да бидат  дел  и од повеќето настани  кои се реализираат во рамки на манифестацијата Дојран град на културата.