Македонија
15. јуни 2016 - 16:21

Двајца загинати во сообраќајка на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје

Две лица загинаа во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 3.30 на булеварот Партизански одреди во Скопје. Такси возилото “Mерцедес” со скопски регистарски табличи, кое било управувано од 35 годишниот Владимир А. од Скопје, излетало од улицата и удрило прво во жардиниера, а потоа во дрво кое се наоѓало на спротивната страна, по што се вратило на коловозот.

Според официјалните информации од МВР, на лице место починале возачот и 37 годишната скопјанка Катерина Д, која што била во возилото.

Сеуште се утврдува дали жената која била во такси возилото била патник или се познавале приватно со таксистот. Најверојатна причина за сообраќајката била неприлагодената брзина на автомобилот.

Инаку, брзото возење и непочитувањето на сообраќајните правила во првите четири месеци од оваа година биле причина за смртта на 44 лица. Во тешките сообраќајки настрадале 20 возачи, 15 патници и 12 пешаци. Според статистиката на МВР, најтрагичен бил месец март, кога настрадале 16 лица.