Свет
20. October 2017 - 21:08

Двајца ученици загинаа при напад во училиште во Бразил

Двајца ученици загинаа, а четворица други се ранети денеска, кога 14-годишник отвори оган врз свои соученици во училиште во градот Гоканија во централниот дел на Бразил.

Полицијата соопшти дека веднаш по инцидентот, тинјеџерот бил приведен.

Според полициски извори, неговите родителите биле вработени во бразилската воена полиција, па се претпоставува дека момчето од нив го украло пиштолот со кој го изврши нападот.

Мотивите за нападот засега не се одфицијално соопштени, но според телевизијата Глобо, напаѓачот подолго време бил малтрериран од страна на негови соученици.