Свет
25. September 2015 - 13:11

Двајца турски војници и 34 курдски бунтовници загинаа за едно деноноќие

Двајца турски војници и 34 курдски бунтовници се убиени во два напада во воена операција во југоисточниот дел на Турција во изминатите 24 часа.

Генералштабот на турската армија соопшти дека во округот Шарнак бунтовници на ПКК извршиле два напада во кои се убиени двајца војници. Во нападите се повредени девет војници.

Турската армија веднаш преземала акција при што биле убиени 34 припадници на ПКК.

Од 20 јули досега повеќе од 120 турски војници беа убиени во напади извршини од курдските бунтовници.