Балкан
15. December 2016 - 22:46

Двајца поранешни министри на Косово осудени на условна казна затвор поради злоупотреба на јавни сретства

Двајца поранешни министри за култура на Косово се осудени на по една година условна казна затвор поради злоупотреба на јавни средства, јави БТА. 

Поранешните министри издвоиле сретства за филмови кои никогаш не биле снимени. 

На по една година условна казна затвор се осудени и двајца филмски продуценти. 

На нив им е наложена и глоба во висина од 100.000 евра и 188.000 евра.