Свет
18. December 2017 - 15:07

Двајца полицајци повредени при нападот на ИД во Кабул

Нападот на припадниците на Исламска држава врз  разузнавачкиот тренинг центар во западниот дел на Кабул заврши со ликвидација на двајцата напаѓачи, соопшти авганистанската полиција.

Нападот траеше околу 4,5 часа, а повредени се двајца полицајци.

Претходно, џихадистичката група Исламска држава презеде одговорност за денешниот напад. врз разузнавачкиот тренинг центар во Кабул.

- Двајца бомбаши самоубици го нападнаа разузнавачкиот тренинг центар во Кабул, јави агенцијата на ИД, Амак.