Свет
23. July 2017 - 16:53

Двајца Палестинци загинаа во судирите во окупираниот Западен Брег

Двајца Палестинци загинаа во судирите со израелските безбедносни сили во окупираниот Западен Брег.

Израелската полиција постави софистицирани камери за надзор на Лавјата Порта  на влезот на Ридот на храмовите во Стариот град на Ерусалим, со кои може да се идентификуваат луѓе кои се обидуваат да влезат со оружје во светилиштето.

Камерите се поставени  синоќа, и се "алтернатива" на металните детектори чија инсталација  активира насилство во оваа област.

Израелската армија  врши многу апсења во Западниот Брег по убиството на израелското семејство.

Во таа операција уапси 29 лица, вклучително и девет членови на екстремистичката група Хамас.

Советот за безбедност на Обединетите нации треба да се состане в понеделник, на разговори околу начините за намалување на најсмртоносните насилства меѓу двете страни со години.