Свет
29. October 2015 - 14:32

Двајца Палестинци беа убиени по напади врз израелски војници во Хеброн

Двајца Палестинци беа убиени по напади врз Израелци во Хеброн, во јужниот дел од окупираниот Западен брег на реката Јордан.

Во првиот напад 23-годишен маж повредил со нож израелски војник. Подоцна напаѓачот се обидел да убие друг војник, но бил застрелан од израелските сили. Израелски војници убиле и друг Палестинец кој сакал со нож да повреди нивни колега.

Во изминатите денови Хеброн се претвори во „епицентар“ на новиот бран насилство меѓу Палестинци и Израелци. Од почетокот на новиот бран насилства пред шест недели, беа убиени 11 Израелци и 58 Палестинци, од кои 38 извршители на такви напади.