Македонија
25. јуни 2017 - 21:29

Двајца Македонци уапсени во Косово

На граничниот премин Хан Елези-Блаце, на косовско-македонската граница, уапсени се двајца македонски државјани кај кои се пронајдени 4.190 фалсификувани евра.

Банкнотите во различни апоени биле откриени при контрола на возилото со кое патувале.

- Кај македонските државјани пронајдени и запленети се 75 банкноти од по 50 евра,19 банкноти од по 20 евра, три банкноти од по 10 евра и шест банкноти од по 5 евра, за кои постои соммение дека се фасификувани, стои во соопштението на Косовската полиција. 

По барање на обвинител изречена им е мерка притвор.