Македонија
19. May 2017 - 14:44

Двајца крадци ограбиле продавница во Скопје

Две непознати маскирани лица изутринава во 5.10 часот во продавница на улицата „Орце Николов“ во Скопје извршиле разбојништво во обид.

Како што соопшти денеска МВР, сторителите влегле и му се заканиле на вработениот дека ако не им ги даде парите од касата ќе го истепаат. Откако вработениот одбил да им ги даде парите и им пружил отпор, физички го нападнале удирајќи го по главата и телото, по што избегале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.