Македонија
9. February 2016 - 12:16

Двајца браќа 20 години живееле како робови во Македонија: Чувале овци за корка леб

Браќата Србољуб (36) и Новица Станковиќ (38) од Козји Дол кај Трговиште 20 години биле робови кои чувале овци за корка леб над Кратово во Македонија.

Иако по бегството од пеколот поранешните овчари веќе 10 години живеат нов живот во преуредените простории од училиштето во родното село и не се заборавени од луѓето со добра волја, иако стравуваат од тоа што уште не се казнети нивните мачители.

Се плашат дека некој од нехуманите газди ќе дојде и ќе ги одведе повторно во Македонија.

Чувале овци во Македонија од 1984 до 2004 година за два оброци дневно, а спеле во објекти без греење, каде селските газди ги тепале, понижувале, мачеле и сурово казнувале.

Газдите најмногу го тепале и мачеле Србољуб, кој чувајќи овци заболел од ретко хормонско пореметување и депресија. По стас е налик на 15-годишно закржлавено и нехрането дете. Животот на неписмениот овчар се претворил во јад кога имал само 8 години и кога со братот Новица бил препуштен на суровите газди на стада во селата Оглавце и Рудинце над Кратово.

Зла судбина ги навјасала по смртта на таткото Крстан кој умрел во 1984 година. За да преживее нивната мајка Олга почнала да живее во пограничното село Герман кај Крива Паланка, на имотот на извесен Милорад. На нивно инсистирање, Олга се согласила Сорбо да го продаде на еден трговец од македонското село Бајлово. Како седумгодишно дете чувал овци и спиел во помошна просторија.

Најлошо ми беше кај Стојан Млохар Кратовски. Лош човек. Каде и да ме сретнеше ме тепаше. Ме удираше со стап како крвник. Еднаш ме фати, ме држеше за нозе, го отвори капакот на бунарот и почна да ме спушта внатре. Бунарот беше длабок, јас висам, главата надолу. Гледам во каменот и водата, се ми се врти. Врескам, а тој ме извади, ме претепа и ме отфрли, се сеќава Срба.

Foto: Printscreen Youtube

Србољуб и Новици од Козки дол гладувале, мрзнеле и биле тепани, но не биле надничари за пари туку за храна, која не ја јаделе ниту кучињата. Спиеле по шупи, штали и на земја.

За нивното мачење се дознало дури кога успеале да побегнат во Козји Дол. Властите во поранешна Југославија немале слух за нивното страдање, повеќегодишното ропство и невидените маки.

За Србољуб и Новица, кој надничат по шумите по долината на Пчиња, се грижи локалната самоуправа во Трговиште, но најмногу претседателката на врањанската хуманитарна органзиација “Животна помош“ Љубинка Миловановиќ, која им обезбедува храна, облека, обувки и други подароци.

Сакаат да живеат како и сите други

-Тешко ми е. Ништо не сум згрешил. Бог ми е сведок. Ама животот не утепа. Сакаме да живееме како и другите луѓе. Да се радуваме. За тагата да не не утепа, раскажува Срба.