Свет
3. November 2016 - 10:25

Двајца американски војници од силите на НАТО загинаа во Авганистан

Двајца американски војници од силите на НАТО во Авганистан денеска се убиени, а други двајца се ранети при операција во градот Кундуз.

Во овој реон се водат борби меѓу авганистанската војска и талибанските бунтовници.

- Врз војниците е отворен оган додека дејствувале заедно со авганистанските партнери врз позиции на талибанците во Кундуз, се наведува во соопштение на НАТО.