Двајца активисти на српска партија уапсени пред косовските избори
Двајца активисти на партијата Српска листа биле уапсени вчера вечерта во косовскиот град Гњилане во пресрет на денешните локални избори, и им бил изречен 48 часовен притвор, јавуваат српските медиуми.
Активистите биле осомничени за нудење поткуп. Членови на партијата протестирале пред полициската станица во Гњилане, а директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската Влада Марко Ѓуриќ обвини дека апсењето е обид за заплашување на косовските Срби.
Во меѓувреме, косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги повика граѓаните да излезат и масовно да гласаат, велејќи дека од нивниот глас ќе зависи работата на неговата Влада. Харадинај успеа да формира Влада со тесно мнозинство по изборите во јуни, и исходот од локалните избори е прво посериозен тест за него.
Ново на Сител
-
Македонија се подготвува за седмите претседателски избори
-
Гласаат затворениците во Идризово
-
Гласањето во Прилеп без проблеми
-
ССМ повикува на масовна поддршка на првомајскиот протест
-
Прилепските цркви и годинава со хуманитарна акција пред Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024