Македонија
12. January 2016 - 16:41

Дваесет срцеви удари за само три дена

Дваесет граѓани со срцев удар завршиле на Кардиологија во последните три дена.  Повеќето и од порано имале проблеми со срцето, но меѓу хоспитализираните има и лица на 40 годишна возраст кои прв пат побарале лекарска помош откако преживеале инфаркт. Една од причините за зголемениот број на пациенти според кардиолозите се наглите промени на времето.

-Срцето сака умерени температури, не сака варијации и промени, изјави д-р Лидија Попоска, кардиолог на Клиниката за кардиологија.

Зa срцето опасни се и  минусните температури, но и загадувањето. Кардиоолозите препорачуваат да се избегнува физичка активност на отворено кога воздухот е премногу загаден.

-Ние кардиолозите често препорачуваме дека е потребна физичка активност, но во вакви случаи со загаденост треба да се постапува обратно, додава кардиологот д-р Попоска.

Кога не е загадено кардиолозите се категорични дека еден час физичка активност го продолжува животот за два часа.