Свет
15. November 2017 - 8:28

Два умерени земјотреса ја погодија Јужна Кореја

Серија земјотреси денеска го погодија јужнокорејскиот град Поханг, соопшти Корејската метеоролошка управа.

Првиот потрес со интензитет од 5,5 степени бил со епицентар во реонот на градот, а вториот бил со јачина од 5,4 степени според Рихтерова скала.

Земјотресите биле почувствувани и во главниот град Сеул, кој се наоѓа на неколку стотици километри од Поханг.