Живот
20. January 2016 - 16:50

Два хороскопски знаци кои немаат "орган" за љубов

Иако не може да се генерализираат луѓето и голема улога во формирањето на карактерот, склоноста и способностите играат родителите, општеството и околината, врз основа на хороскопските знаци со поголем процент на прецизност можат да се откријат личностите кои најверојатно немаат емоции или просто никогаш не го слушаат своето срце.

Ѕвездите откриваат кои два хороскопски знаци немаат "орган за љубов", а за тоа не се ни свесни!

Секако, земете во предвид дека ова е само астро-забава.

Личностите родени во знакот на Јарец имаат големи потешкотии да ги разберат сопствените емоции. Тие умеат да бидат одговорни, грижливи и внимателни, а со оглед на тоа дека станува збор за луѓе кои неретко се и изразено интелигентни и образовани, на прв поглед за нив никогаш не би можело да се рече дека немаат емоции. Но, на "тестовите за љубов" на кои тие често паѓаат се ситуации или искушенија во кои мора да бираат помеѓу "две љубови", тука тие обично ќе пресудат во своја корист.

Немојте да се изненадите ако пријател во знакот на Јарец ви ја преземе љубовта, бидејќи токму тоа е ситуацијата во која тие мора да ги гледаат само сопствените интереси.

Скорпија

Додека се обидувате да воспоставите хармоничен љубовен живот со Скорпиите, ќе поминат многу години и ќе изгубите бескрајно количество енергија. Овој „диктатор“ ќе ве чува и држи покрај себе единствено ако се согласите на тоа да живеете во негова/нејзина сенка и ќе давате безусловна поддршка на секој потег.

Скорпиите се сензуални, а нивните надалеку проуени сексуални апетити се големи, па може да ви се причини дека имате работа со емотивни и страствени личности. Ваша грешка ќе биде доколку помислите дека тој оган и страст доаѓаат од слепа љубов кон вас, бидејќи додека Скорпијата вљубено ве гледа, таа всушност не е ни свесна дека го сака сопствениот одраз во вашите очи. Токму оваа нивна особина ќе биде клучна кога повторно ќе се вљубат и ќе одлучат да ве остават.