Македонија
26. July 2017 - 16:47

Два авиона го гаснат пожарот во Македонски Брод, гори борова шума

Екстремно високите температури, но и човечкото невнимание се причина за катастрофалните пожари кои во изминатово деноноќие беснеат во пределите на Македонски Брод и на Прилеп. Екипите на локалните Територијални противпожарни единици вложуваат  натчовечки напори за локализирање на големите пожари. Според последните информации, во моментов пожарите се ставени под контрола, но, предизвиканата штета, особено врз изгорената дрвна маса, е огромна, велат надлежните. Среќа во несреѓа е што нема опасност по жителите на околните села.
 
Според информациите од двете општини, Прилеп и Македонски Брод, ова се први поголеми пожри ова лето. Со оглед на екстремно високите температури не се исклучува можноста дека истите се последица на временските непогоди, но, во исто време, не е за неверување дека пожарите се предизвикани  и намерно, особено во прилепскиот регион каде дивата, недозволена сеча на огревно дрво со години претставува рак-рана..