Џет-Сет
21. April 2017 - 12:42

Душко промаши пенал, ама Јелена Карлеуша храбро застана во одбрана на сопругот

Фудбалерот на Бешикташ и српски репрезентативец Душко Тошиќ беше еден од трагичарите на ревенш мечот од четвртфиналето на ЛП против Олимпик од Лион.

Лион во првиот меч славеше со 2:1, а во реваншот Бешикташ славеше исто така со 2:1. Бидејќи и по продолжетоците, немаше голови се пристапи кон изведување пенали.

Тошиќ не го искористи пеналот во седмата серија за Бешикташ, а потоа ни играчот на Лион Жале не беше прецизен. Лион сепак помина понатаму бидејќи во осмата серија Матеј Митровиќ не го искористи пеналот за турскиот тим, а Гоналонс беше прецизен за Лион.

Сопругата на српскиот фудбалер Јелена Карлеуша на социјалните мрежи му даде силна поддршка на Тошиќ.