Џет-Сет
22. May 2017 - 16:51

Душко ја изневери Карлеуша - фудбалерот ја замени најсекси русокосата со бринета

Турските медиуми овие денови пишуваат за фотографиите на Душко Тошиќ, кој е фатен во ноќен клуб додека се забавува со мистериозна бринета.

Репрезентативецот кој игра за Бешикташ е виден како од еден ноќен клуб излегува со вистинска убавица, со која седнал во автомобилот и заминал во непознат правец.

Истата таа вечер ја славел победата со останатите фудбалери од својот клуб, а бринетата ја забележал во клубот и ја повикал да му се придружи. Од клубот излегле околу 5 часот наутро.

Нивните заеднички фотографии испливале во турските медиуми и ги поттикнале гласините дека Душко ја изневерува својата сопруга, пејачката Јелена Карлеуша, со која има 2 ќерки.