Спорт плус
28. May 2017 - 19:41

Думулин победник на Џиро

Холандскиот велосипедист Том Думулин е победник на 100.то издание на Џиро Д‘Италија што денеска заврши со хронометарот во Милано. Тој успеа да надополни 53 секунди заостанување во однос на Наир Кинтана, бидејќи имаше за 1:24 минута подобро време.
Во генералниот пласман тој има 31 секунда подобар резултат од Кинтана. Вкупното време на победникот Думулин изнесува 90 часа 34 минути и 54 секунди.
Победник на последната 21.етапа беше Хос Ван Емден, кој имаше 15 секунди подобро време од победникот на трката или хронометарот го мина за 33 минути и 8 секунди.