Македонија
17. February 2018 - 16:08

ДУИ се противи на референдум, Димитров потврдува дека се прифаќа одредница пред името, Атина бара име без превод

ДУИ останува на ставот дека не треба да се одржи референдум за името. Партискиот лидер денеска пред новинарите откри дека се плаши дека тој би можел да биде злоупотребен
За разлика од Ахмети, шефот на дипломатијата Димитров очекува широка поддршка за предлогот за ново име на Македонија која би излегла од границите на владејчкото мнозинство.

Тој во интервју за бугарската национална телевизија цели дека Македонија прави се за да го надмине спорот и очекува конструктивност од Атина. Уште еднаш повтори дека владата во Скопје е подготвена да прифати придавка на името.

За разлика од Димитров кој не сакаше да прецизира детали околу придавката, неговиот грчки колега Коѕијас во интервју за грчката телевизија Алфа ги откри своите желби

„Треба да се најде географска или територијална одредница. Моја желба е името да биде непреведно, на словенски јазик, таков пример се Нова Македонија, Вардар Македонија, Горна Македонија“ – вели Коѕијас и додава дека кога се би зависело до него, терминот Македонија никогаш не би бил дел официјалното име.

За грчките медиуми, преговорите за името влегуваат во непознати води. Катимерини пишува дека за Македонија најтешки точки се јазикот и идентиетот, а Грција бара промена на Уставот иако и двете страни се свесни дека тоа е скоро невозможно да се случи во ваков политички распоред во македонското Собрание.
Според Катимерини, двете страни се најблиску до името Горна Македонија, а Атина преферира тоа да биде напишано на Македонски и да нема превод на други јазици.