Македонија
16. October 2017 - 15:40

ДУИ: Локалните избори минаа во фер и демократска атмосфера

Демократската унија за интеграција (ДУИ) смета дека вчерашниот изборен процес мина во фер и демократска атмосфера.

Како што соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на Централниот изборен штаб Арбр Адеми, повеќе од сто илјади избирачи и ја дале поддршката на ДУИ.

- Денеска и Државната изборна комисија (ДИК) потврди дека ДУИ е прва и партија со најголема поддршка во Кичево, Тетово, Гостивар, Чаир, Сарај, Липково, Теарце, Боговиње, Врапчиште, Долнени, Пласница, Желино и на речиси сите совети во општините каде што имавме свои кандидати, истакна Адеми.

ДУИ во вториот круг очекува победа и во Струга.

– Оваа апсолутна волја на граѓаните во соодветните општини заеднички ќе ја потврдиме во вториот круг и како што бевме транспарентни до денес и во целосна соработка со граѓаните, така ќе продолжиме до конечната победа на 29 октомври, нагласи портпаролот Адеми