Македонија
25. November 2016 - 16:59

ДУИ: Двојазичноста ќе биде услов за формирање влада

Двојазична Македонија  нема да биде предмет на преговори за идната Влада,  туку услов без кој неможе да се продолжи во наредниот период. Ова го изјави портпаролот на ДУИ Бујар Османи, кој потенција дека еднаква употреба на службениот албански јазик исто како и македонскиот  е еден од столбовите  на кои се темели нивната програма.

-Тоа е една мисија добиена битка по битка, сега е време да се заокружи последната битка за двојазичноста. Значи да ставиме кров на куќа која е изградена од темел..Сите овие мандати беше изграден концептот да албанскиот биде во подеднаква службена употреба со македонскиот, изјави Бујар Османи, портпарол на ДУИ

Покрај двојазичноста, ДУИ најавува и инфраструктурно обединување преку автопат  со Косово, кое ќе ги доближи Тирана и Приштина многу поблиску до Скопје.

-Скопје Блаце, Блаце приштина а Потоа Приштина и Тирана, автопатот ќе се соедини, ќе го интегрираме регионот и многу побрзо ќе се патува, изјави Артан Груби од ДУИ

Груби најави дека за во иднина е предвидено и интегрирано менаџирање на границите со Албанија и Косово. 

Видеа од Македонија

  •  
  • Страна 1