Македонија
2. November 2017 - 19:06

ДУИ бара меѓународна истрага

По денешните пресуди за случајот „Дива населба“ Демократската унија за интеграција го повтори ставот дека е потребно вклучување на меѓународни експерти во сеопфатната истрага за, како што велат од партијата „обелоденување на сите нејаснотии за случајот Куманово“.
 
- Судскиот процес и доказите на протагонистите изнесоа на површина дилеми околу организаторите и мотивите на овој тежок случај, затоа граѓаните треба да ја дознаат целата вистина. Дел од доказите и материјалите со кои граѓаните имаа можност да бидат запознаени преку медиумите алудираат на наводна вмешаност и на официјални претставници на највисоките државни институции во комуникација со протагонистите на настанот, се вели во соопштението од ДУИ.
 
Од партијата бараат МВР и органите на владеењето на правото да вклучат меѓународни експерти во истрагата за случајот и да воспостават комуникација и соработка и со властите на Косово и Албанија со цел размена на информации за, како што посочуваат, целосно расветлување на случајот.