Бизнис
21. October 2016 - 19:39

ДСЗ: Највисоката исплатена просечна плата е блузу 50.000 денари во Македонија

Вработените во помошни дејности кај финансиските услуги и дејностите во осигурувањето во август заработиле просечни плати од 49.564 денари.

Државниот завод за статистика евидентира највисоки плати во овие дејности, а близу до нив е и Компјутерско програмирање со просечна плата од над 47.673 денари. Следи воздухопловниот транспорт 47.080 денари.

Според податоците просечната нето-плата во земјава има годишен раст од 1,9 проценти и во август изнесувала 22,294 денари.

По сектори, поголем раст бележат просечните плати во Градежништво, за10.1%, Административни и помошни услужни дејности, за 6.6% и  Преработувачката индустрија, за 4.3%, додека пад е регистиран кај Информации и комуникации, Уметност, забава и рекреација. Најголем, за 13,1% е падот на платите во секторот Стручни, научни и технички дејности.

Во август, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.