Македонија
7. April 2016 - 13:38

ДС нема да учествува на изборите закажани за 5 јуни

Демократскиот сојуз денеска соопшти дека нема да учествува на изборите закажани за 5 јуни.

- Без одговорност за креаторите на кризата, прочистен избирачки список, реформи во медиумите, судскиот систем и без одвојување на владејачката партија од државата, нема услови за фер, демократски и кредибилни избори, стои во соопштението од ДС.