Бизарно но вистинито
4. November 2016 - 14:33

Држела диета и полека умирала - Во последните 3 години јадела само...

Лекарите ѝ рекле дека ако не успее да се избори и ако не почне да јаде, ќе умре. Денеска Џоди има 18 години и здрави 57 килограми, а на социјалните мрежи објавува фотографии од најтешкиот период од нејзиниот живот, за да ги инспирира останатите со истиот проблем да успеат во борбата за живот!
 
Џоди-Ли Нил од Хемпшир во 2013 година, на 15 годишна возраст била анорексична до таа мерка што внесувала само по 17 калории на ден.
 
-Кога мојот другар почина, следното утро се почувствував многу лошо, ужасно, имав напади на паника. Се затворив во соба, не излегував никаде, не одев ни на училиште, се чувствував грозно.
 
Тогаш почнале проблемите. Покрај тоа што не можела да јаде, Џоди станувала секоја ноќ во 2 часот по полноќ и вежбала до 5.30.
 
Во септември 2014 и била дијагностицирана анорексија на нервна база, депресија и огромен стрес.
 
Кога лекарите и рекле дека ако продолжи така ќе умре, Џоди цврсто решила да се избори.
-Постојано се онесвестував. Ми беше лошо. Срцето ми беше слабо, немав сила. Кога ќе седнев на кадата морав да ставам три пешкири бидејќи инаку ме болеше. Бев насилна кон моето семејство поради гласовите што ги слушав во главата. Луѓето ме прашуваа да не имам рак – вели младата девојка.
 
Џоди била ставена на програма за исхрана на крајот на 2014 година. Но, продолжила со ноќните вежбања. Во јануари 2015 била примена во болница.
 
Во февруари била префрлена на клиника во Лондон каде поминала 6 месеци. Ги гледала родителите по два пати неделно.
 
– Ме хранеа со цевки. Не јадев еден месец. Ослабев уште 3 килограми и бев близу до смртта.
Но, со групни терапии и под постојана контрола, девојката почнала да внесува храна. До јуни 2015 година качувала по 1,2 килограми неделно. Постигнала задоволителна тежина и ја пуштиле од болницата.
 
Но, три месеци подоцна пак губела тежина. Носела тегови кога ја мереле да сокрие дека слабее.
 
– Долго време мислев дека сум многу грда и дебела. Во мојата глава нешто ми велеше дека не вредам и нема зошто да живеам, пак се стана лошо. Ги лажев сите што ги сакав – вели Џоди.
 
Дошло дотаму што нејзините родители се подготвувале да се простат од неа.
 
– Тогаш лекарот ми рече да оздравам или ќе умрам. Решив да оздравам. До тој момент немав интерес да бидам подобра, само сакав да умрам.
 
Се случил пресврт. неколку недели пријателите на Џоди се преселиле кај неа за да бидат сите заедно за време на оброците. Потоа излегувале на ручеци и вечери, и помогнале да го надмине стравот од храната. За 6 месеци Џоди ја постигнала тежината што ја има сега – 57 килограми.
 
– Долг е патот до оздравувањето и уште се борам. Посилна сум и се борам со болеста. За секој кој се бори со истото – ветувам дека ќе стане полесно. Им благодарам на родителите, на баба ми и дедо ми и сите пријатели кои ми помогнаа да разберам дека вредам повеќе од анорексијата – вели Џоди.