Бизнис
20. October 2016 - 19:56

Државните мерки за намалување на невработеноста даваат резултати

Државните мерки за намалување на невработеноста ја постигнуваат целта. Бројот на невработени се намалува особено од стартот на нивната примена во 2007 година. Тогаш буџетот за оваа намена изнесуваше 300 мимилни денари, годинава 700 милиони. Особено значајни беа мерките во  времето на глобалната криза кога Македонија не забележа зголемување на невработеноста.  Од тогаш, иако сумата во апсолутна бројка расте, сепак има стагнација, и изнесува само околу 0,1% од БДП.

Буџетот за активни мерки ќе расте и догодина, велат од Агенцијата за вработување, но системот и натаму ќе се подобрува затоа што искуството покажува дека на макеоднскиот пазар на труд има малку квалификувани работници кои можат да ги задоволат потребите на фирмите.

Во изминатите години во Македонија се воведени 155 активни мерки за намалување на невработеноста. Од година во година преку нив се зголемува опфатот на лица кои најтешко се снаоѓаат на пазарот на труд .