Македонија
12. January 2016 - 16:24

Државнички чекор и ветер во грб за владата е средбата Груевски – Бајден

Дражавнички чекор кој дава силен ветер во грбот на Македонија. Вака експертите ја коментираат последната посета на премиерот Груевски во САД. Шефот на македонската влада вчера по средбата со вториот човек по Обама во САД потенцираше дека Македонија ја продолжува соработката со својот стратешки партнер

Во писмено соопштение од Белата куќа информираа дека Груевски и и Бајден се согласиле околу важноста на континуираната имплементација на Договорот од Пржино и реализацијата на преземените обврски од него.

Експертите сметаат дека клучна обврска преземена со Договорот од Пржино се изборите закажани за 24 април и а средбата Груевски – Бајден е силна порака од САД дека одложување не треба да има

Ова е втора средба на македонскиот премиер со американскиот Потпретседател Џозеф Бајден. Првата се одржа во февруари 2011 година.