-->
-->
Државни награди од областа на спортот за Денот на независноста
-->
Агенцијата за млади и спорт со прес конференција го најави свеченото доделување на Државните награди од областа на спортот по повод Денот на независноста на Република Македонија.
Директорот Каевски се заблагодари на сите присутни новинари и спортски работници, како и на членовите на одборот за доделување на Државни награди при Агенцијата за млади и спорт. Доделувањето на наградите “8 Септември” се одржува шеста година по ред и ги вреднува постигнувањата на спортистите и спортските работници во Македонија.
И оваа година се доделуваат 4 награди за врвни спортски остварувања и една награда за животно дело од областа на спортот.
Тој ги покани сите присутни на свеченото доделување нанаградите закажано за петок, 8 Септември, во Собранието на Република Македонија, со почеток од 10.30 часот.
Честа да ги соопшти овогодинешните добитници му припадна на Проф. Јовица Угриновски, претседател на Федерација за планинарски спортови и долгогодишен член на Одборот за доделување на награди при Агенцијата за млади и спорт.
Ѓокица Николовски, Ристо Магдинчев, Александар Коцевски и Петар Белистојаноски се добитници на наградите за остварувања во спортот, додека пак наградата за животно дело му припадна на Иван Кочовски, нашиот шаховски великан.
На пресот свое излагање околу транспарентноста и бројот на апликациите имаше и проф. Руждија Калач.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто