Свет
21. November 2017 - 23:56

Државната ТВ на Зимбабве за оставката на Мугабе информираше со два часа задоцнување

Државната телевизија на Зимбабве соопшти за оставката на претседателот Роберт Мугабе повеќе од два часа откако таа вест беше соопштена во Парламентот.

Телевизијата прикажуваше претходно најавена програма и пренесуваше емисија за земјоделство во моментите кога светските медиуми се „тркаа“ со објавувањето на веста за оставката на Мугабе.

Државната ТВ информираше за „дивјачко радување и врева“ на улиците, прикажувајќи снимки од прославата на луѓето по оставката на Мугабе.