Бизнис
9. February 2016 - 19:58

Државна помош од 92.000 денари за отворено работно место

Микро и малите претпријатија да го искористат грантот од 1500 евра што им го дава државата. Од Владата потенцираат дека со овие пари фирмите ќе можат да го развијат и прошират својот бизнис. Средствата се наменети за набавка на опрема и репроматеријали за секое ново вработување. Компаниите можат да аплицираат за отварање на најмногу 5 работни места.

Фирмите кои ќе ги земат овие средства имаат обврска нововработените лица да ги задржат најмалку една година, без да го намалат бројот на вработени. Опфатени се сите микро и мали претпријатија  освен оние кои се занимаваат со земјоделска дејност.

Досега со мерката биле вработени околу 600 лица. Огласот трае до 22ри февруари.