Бизнис
21. February 2017 - 19:48

Државна поддршка за жените што сакаат да почнат сопствен бизнис

Менталитетот  и размислувањата наметнати од минатотот дека жената мора да биде вработена во  институција е главна причина што сеуште е мал бројот на жени сопственички на бизниси. Особено кај повозрасните генерации недостасува поголема едукација и пракса за тоа што се нуди претприемништвото.

Од Агенцијата за вработување посочиија  дека има пораст на претприемачкиот дух кај жените, но недостасува поголема храброст и одлучност за да отпочнат бизнис. Потенцираа дека на  располагање им се сите мерки кои ги нуди државата.

Со државните грантови за отпочнување бизнис од вкупно над 7000 фирми  3000 се во сосптенст на жена.