Бизнис
18. October 2017 - 19:57

Државата со повеќе инспектори ќе се бори со трудовата експлоатација

Земјоделците и текстилните работници се најчеста жртва на трудова експлоатација.

Мобинг, константно прекршување на работничките права во однос на работното време користењето денови од одмор, работа за време на неработни денови, празници, исплата на плата  на рака, враќање на дел од парите кај работодавачите, потпишување на бланко документи, работа во лоши хигиенски, санитарни и безбедносни услови се само дел од проблемите со кои се соочуваат врабоитените од овие сектори во земјава.

Многу ретко работниците пријавуваат трудова експлоатација, а кога ќе се одлучат на тоа најчесто го прават анонимно. Во земјава досега се регистрирани само два случаи. Од друга страна трудовио инспекторат нема капацитет ниту стручност да препознае трудова експлоатација.,

Често пати и младите од земјава кои одат да работата во странство се жртви на трудова екслопатација. Работата на црно, сметсени се во лоши услови далеку од урбаните средини.

Одземени им се патните исправи добиваат мал паричен надоместо за сработеното и не се во можност да пријават злоупотреба. Според анализите трудовата експлоатација е повеќе присутна во земјите во развој и неразвиените земји.