Бизнис
1. September 2015 - 16:30

Државата со грантови ќе ги помага најмалите фирми за нови вработувања

Со помош на грантови во микро и малите  фирми  ќе се отворат 200 нови работни места.  Државата ќе ги помага најмалите компании во земјава, да го зголемат бројот на вработени и да го прошират својот бизнис. За секое ново вработување,  работодавачот  ќе добие 92 илијади денари грант  во опрема и репроматеријали или 1500 евра.

Компаниите кои ќе аплицираат ќе треба да достават бизнис план за проширување на бизнисот,  а потоа надлежните ќе ја разгледуваат нивната валидност.   Една фирма може да добие грант за од едно до пет нови работни места. 

Од 2010  до сега со овие грантови  отворени се 450 нови работни места.  Ова е само една мерка за поттик на вработувањето. Со проектот Македонија вработува пак,  бројот на нововработени се искачи на 5. 240 лица. Најголем дел од нив се млади до 29 години.

Дражавата со грантови ќе ги помага најмалите  фирми во земјава да вработат нови лица и да го прошират бизнисот. За оваа намена за годнава обезбедени се  близу 300 илјади евра за отворање на 200 те нови работи места во микро и малите комапнии. За секое ново вработено лице работодавачот ќе добие по  1500 евра.