Бизнис
8. July 2016 - 20:21

Државата нуди по 12 500 евра за отворање приватни домови за стари лица

Државата нуди пакет поволности за инвеститорите кои сакаат да отворат приватни старечки домови.  За почетна цена од 1 евро за м2 можат да купат земјиште за изградба, со намалени цени за комуналии за 95 отсто. Во тек е и огласот со кој државата доделува 12 500 евра неповратни средства за оние кои сакаат да отворат старечки домови. Од Владата апелираат сите заинтересирани да се пријават и да ја искористат можноста.

Претставува една директна или индиректна финансиска поддршка којашто надминува над 20 000 евра во најмала рака за приватните инвеститори, што значи можност за алокација на тие средства од негова страна кон обезбедување на раст на дејноста, отварање нови работни места, обезбедување поголема профитабилност, а за државата обезбедување на нови капацитети за социјална грижа за лицата во поодминати години.

На пример, за купување на земјиште од 500 м2, согласно проценките, со оваа владина мерка потенцијалниот инвеститор би имал трошок помеѓу 1000 и 1500 евра. Доколку се земе во предвид цената на градежното земјиште на периферијата на Скопје која во најмала рака изнесува 25 евра, произлегува дека инвеститорот би имал заштеда од над 10 000 евра.

За изградба на дом во рамките на градските населби во Скопје и поголемите градови во Македонија таа заштеда би била и многу поголема.

Како резултат на овие мерки досега се отворени 18 приватни домови за стари лица.