Бизнис
1. July 2016 - 20:34

Државата ќе интервенира откупот на пченица да не се спушти под 11 денари за килограм

Државата ќе интервенира цената на лебното зрно да не биде под 11 денари. Со едната мерка производителите ќе добијат по 6000 денари за хектар, или дополнителна субвенција по 2 денари за килограм. Со другата мерка Министерството ќе субвенционира 80 отсто од сумата за складиштење на пченицата. Ова следува по најавите на мелничарите дека нема да платат повеќе од 8 денари за килограм пченица при откупот.

- Обезбедивме 80 отсто субвенции за складирање на 30.000 тони пченица, од кои 15.000 во Прилеп и уште толку во „Жито Вардар“. Тоа значи дека земјоделците ќе треба да плаќаат по само 12 денари месечно зашто чувањето на лебното жито е 60 денари за тон, информира Цветков.

Цветков посочи дека цената на пченицата како и на секој друг земјоделски производ ја диктира пазарот, односно понудата и побарувачката. Оваа година се очекуваат рекордни приноси, поради што цените ќе бидат доста ниски.

Во понеделник е закажана нова средба помеѓу земјоделците и мелничарите и Министерството како медијатор. Ќе се направи нов обид да се постигне договор за минималната цена на пченицата.

Од засадените 80 000 хектари, по завршување на жетвите кои веќе се во тек, се очекува да се добијат 240 000 тони лебно жито.