Македонија
6. October 2015 - 19:50

Државата бара инвеститори за некогашните детски одмаралишта

Поранешните детски одморалишта одат на продажба. Во тек е огласот за Малешево во Берово, Суви Лаки во Струмица, Ѓуриште во Свети Николе, Николиќ во Дојран и Пелистер во Битола. На него можат да аплицираат сите домашни и странски правни и физички лица, кои сакаат да стопанисуваат со ваков објект да ги заживеат и да ја вратат нивната атрактивност.

Станува збор за препознатливи туристички објекти од минатото  кои со својата местоположба и опкружување сметаме дека се дополнителни инвестиции и вложувања во  нив  би можеле повторно да прераснат во препознатливи турисички угостителски капацитети  во овие пет региони, рече Александар  Ѓорѓиев- Портпарол на Влада

На идните газди  на располагање им стојат и поволностите од ИПАРД програмата која покрива половина од трошоците за уредување и модернизација  на просторот , а можат да ги користат и поволностите од државните мерки за вработување.

Најголемо е некогашното одмаралиште Титови пионери во Николиќ во Дојран со површина од над 6000 квадратни метри,  а највисока почетна цена за електронското јавно надавање има одморалиштето Пелистер од околу 800.000 евра. Огласот трае до 30 октомври.  

 

                                            површина                               цена

Малешево – Берово             4001квадратни метри             45.129.864 денари

Ѓуриште- Свети Николе        1060 квадратни метри            4.468.959 денари

Николиќ-Дојран                    6082 квадратни метри            20.680.875,60 денари

Пелистер- Битола                5469 квадратниметри             48. 646. 684,50 денари

Суви Лаки- Струмица           3446 квадратниметри             14.508.105,00 денари

Огласот е веќе во тек и трае до крајот на месецов.