Македонија
18. May 2017 - 14:25

Друмско разбојништво во Скопје: Го стопирале па го ограбиле

Ноќеска во 03,00 часот во полиција -Скопје, И.А. (19) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 01,20 часот на ул.„Благоја Стефковски“, од страна на три непознати лица му било извршено разбојништво на тој начин што додека се движел со возило лицата го стопирале, му побарале пари, а потоа извршиле пребарување на возилото при што во предната лева врата пронашле и одзеле платнена папка во која имало 40.000 денари и го напуштиле местото на настанот.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.