Фудбал
8. October 2015 - 13:32

Друловиќ: Укарина е фаворит, да одиграме како против Шпанија

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер го игра претпоследниот натпревар од квалификациите за ЕУРО 2016. Во Скопје ќе гостува Украина, селекција која е има шанси и да избори директен пласман на шампионатот.
За противникот селекторот Љубинко Друловиќ истакна:
- Украина е репрезентација која ќе се обиде да стигне до три бода. Тие можеби и се фаворити. Но, ние ако влеземе мотивирани како на дуелот со Шпанија можеме да се спротивставиме. Украина е опасна екипа по прекини, но ќе мора да ги искористиме нивните слаби страни. Доколку ја имаме и спортска среќа, што не напушти на претходните дуели можно e да стигне и до позитивен резултат.
Од вчера репрезентацијата е без Аријан Адеми, кој поради позитивниот допинг тест од дуелот со Арсенал од Лигата на шампионите мораше да го напушти тренинг кампот. До проверката на Б тестот никој по препорака на УЕФА нема да дава изјави, а репрезентативците и стручниот штаб му даваат поддршка на Адеми во оваа тешка ситуација. 
Отсуството на Адеми секако ќе му отвори проблем на Друловиќ околу стартните 11, на што селекторот одговори:
- Неиграњето на Адеми ќе се почуствува, но истотака сум сигурен дека кој и да игра добро ќе го замени. Имам уште една до две дилеми околу стартните 11, кои ќе ги решам вечерва или утре, изјави Друловиќ.
Репрезентативецот Ванче Шиков, кој во својата кариера има настапувано и во украинската лига за утрешниот ривал истакна:
- Дуелот со Украина ќе биде тежок. Одлично работевме и ако одиграме како со Шпанија можен е и позитивен резултат. Украина е најопасна преку Јармоленко и Конопјанка, но сепак тие се силни дека најголемиот дел играчи играат во екипите на Шахтјор, Динамо Киев, Днипро, кои редовно играат во Лигата на шампионите и Лига Европа.
Натпреварот Македонија – Украина се игра утре во почеток во 20:45 часот на Национална Арена „Филип Втори“.