Спорт плус
23. December 2015 - 11:12

Дрон падна врз Хиршер (Видео)

Слаломската трка во Мадона ди Кампиљо мина во знакот на Норвежанецот Кристоферсон но ќе биде запаметена по инцидентот кој се случи за време на возењето на Марсел Хиршер кој за дел од секундата избегна катастрофа откако дрон се сруши веднаш по неговото поминување на една од капиите. Дронот носеше камера која пренесуваше дел од амбиентот на патеката од птичја перспектива. 

На крајот Хиршер го освои второто место, додека трет беше Шулц.