Бизнис
17. January 2018 - 19:45

Дрекслмаер отвори канцеларија во Прилеп и ќе вработи 100 лица

Германскиот премиум добавувачки гигант во автомобилската индустрија, Компанијата „Дрекслмајер“, која веќе пет години, со своите производствени капацитети е присутна во Македонија, притоа вработувајќи околу 5.000 лица, согласно својата развојна стратегија во земјава, која инкорпорира уште нови вработувања, денеска отвори своја Канцеларија и во Прилеп.

Целта е Компанијата да биде поблиску до своите вработени од Прилеп, кои ги има неколку стотици, но, и до другите кои сакаат да се придружат на тимот на „Дрекслмајер“, чиј производствен погон се наоѓа во Кавадарци.

„Дрекслмајер“ вработува персонал од целиот Тиквешки регион. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, компанијата ги снабдува најпознатите автомобилски производители со: централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и модули за врати и коклит модули.

„Дрекслмајер“ како една од најголемите странски инвестиции во земјава од 2012 - та година, соработува со над 500 домашни компании.