Бизнис
27. April 2017 - 22:02

Дрекселмаер го шири производството, потребни 400 работници до следната недела

Германската компанија за производство на автомобилски делови Дрекселмаер,  го шири производството. Во моментов бараат дополнителни 400 работници.  Во фабриката лоцирана во Кавадарци, , која произведува  кабелски инсталации  за новата серија автомобили Мерцедес Ц класа, вработени се речиси 5,400 лица. Минатат година менаџментот најави дека брајката на вработени ќе достигне  6.000.

– Во моментов работиме за голема компанја во која треба да обезбедиме 400 работници до крајот на следната недела. Со дел од кандидатите имавме интервју а со дел ќе имаме следните денови, рече Влатко Поповски, директор на Агенција за вработување.

За дополнителн пад на невработеноста од  средината на наредниот месец, Агенцијата за врабтување почнува со нов циклус – Саеми за вработување. На едно место ќе бидат презентирани понудата и побарувачката на работна сила . Првиот Саем ќе биде оганизиран во Скопје.

- На 18 мај почнуваме со саемите з авработување. Тами работодавачите ќе презентираат од каков кадар ќе имаат потреба, додека пак невработените, или лицата кои сакаат да ја променат работата, ќе можат директно да се сретанат со потенцијалните работодавачи, додаде Поповски.

Инаку во моменто прку Агенцијата активни се неколку мерки од оперативниот план, како обука кај познат работодавач, обуки за напредни ИТ вештини, за дефицитарни побарувања, како и  Проектот Македонија вработува. Од мај ќе бидат објавени огласите и за доделување грантови за самовработување,  за преквалификација на вработените и обуките за изучување стари занаети.