Драстично зголемен бројот на салафити во Германија
Во последните неколку месеци во Германија е драстично зголемен бројот на радикални салафити, соопшти германското внатрешно разузнавање, цитирано од ДПА.
Во земјата има околу 9.700 приврзаници на конзервативното интерпретирање на исламот или за 500 повеќе во споредба од пред три месеци, предупреди Федералната служба за заштита на Уставот.
Бројот на лицата кои ја напуштаат Германија за да се борат на страната на Исламска држава во Сирија и Ирак, исто така, во ноември е зголемен на 890 од 880. Околу 20 проценти од нив се жени, а пет проценти малолетници. Приближно една третина од овие луѓе веќе се вратиле во Германија.
Службата, исто така, соопшти дека се зголемени и случаите во кои исламистите се обидувале да стапат во контакт со бегалци. Досега имало 390 вакви обиди. До август биле регистрирани 340.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно